14 мај 2026
• од Темелко Тошев
Додека власта се обидува да протурка козметички измени во Законот за игри на среќа, реалноста на теренот е поразителна. Политичката партија Левица алармира дека предложеното ограничување на казината на 500 метри оддалеченост од училиштата е минимален чекор кој воопшто не го допира јадрото на проблемот.
Податоците се фрапантни. Само во текот на изминатата 2025 година, во македонските казина, автомат клубови и обложувалници биле уплатени вртоглави 2,83 милијарди евра.
„Овие бројки се круцијален доказ дека коцкарската индустрија во Македонија прерасна во еден од најпрофитабилните бизниси, додека илјадници македонски семејства секојдневно тонат во долгови, сиромаштија и тешки облици на зависност“, велат од Левица.
Наместо економски развој базиран на производство и додадена вредност, државата свесно дозволи „цут“ на индустрија која директно го јаде социјалното ткиво на народот.
Од Левица посочуваат дека Македонија во моментов има еден од најлиберализираните пазари за коцкање во цела Европа, што е дијаметрално спротивно од практиките во развиените земји. Како пример за правилно регулирање се наведува Словенија.
Левица смета дека наместо паушални измени кои едвај ги поместуваат објектите за неколку стотини метри, потребна е радикална промена на политиката. Партијата најавува дека ќе поднесе нов предлог-закон со кој ќе се бара:
„Македонија не смее да биде држава во која казината и обложувалниците се побројни од културните и спортските центри за младите. Државата не смее да биде зависна од приходите од коцкање на сопствениот осиромашен народ“, децидни се од партијата.
Со овој потег, Левица уште еднаш го отвора прашањето: Дали државниот буџет се полни преку несреќата на граѓаните и зошто профитите на коцкарските моќници се поважни од менталното здравје на нацијата?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

