14 мај 2026
• од Темелко Тошев
Странската комисија ангажирана од Министерството за здравство ги потврди сомнежите на домашните експерти – кај девет пациенти е утврдено дека биле подложени на кардиохируршки и кардиолошки интервенции кои биле несоодветно индицирани и под професионалните стандарди.
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ги презентираше клучните наоди од извештајот на меѓународните експерти, кои неколку месеци ги чешлаа медицинските досиеја во неколку државни и приватни клиники.
Процесот на евалуација се одвиваше во две фази. Првично, домашна комисија разгледа 20 случаи, од кои кај 13 изрази сомнеж за непотребно извршени операции. Овие предмети потоа беа префрлени кај меѓународниот тим во состав:
„Наодите на странската комисија се поклопуваат со тие на домашната, што е особено важно бидејќи работеа независно една од друга“, истакна Алиу.
Од вкупно 13 анализирани предмети, за четворица пациенти е утврдено дека третманот бил соодветен. Меѓутоа, кај останатите девет, ситуацијата е алармантна.
Странските експерти во извештајот наведуваат:
Пациентите кои биле жртви на овие сомнителни наоди се на возраст од 45 до 78 години.
Министерот Алиу нагласи дека овие сериозни наоди не смеат да се релативизираат, но и дека не треба да се користи овој скандал за да се фрли дамка врз целата лекарска професија.
Извештаите од двете комисии веднаш ќе бидат доставени до:
„Системот мора да ги заштити и пациентите и чесните лекари кои работат стручно и посветено“, заклучи Алиу.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

