14 мај 2026
• од Темелко Тошев
Иако Народната банка (НБРМ) уверува дека во оптек има доволно банкноти од 100 денари, состојбата на терен веќе со недели предизвикува главоболки кај граѓаните и бизнисите. Наместо препознатливиот син апоен, сè почесто во рацете на потрошувачите завршуваат банкноти од 200 денари и монети од 50 денари.
Додека институциите ја смируваат јавноста, вработените во финансискиот сектор и самите граѓани се соочуваат со логистички предизвик.
„Недостигот се чувствува повеќе од три недели. Се снаоѓаме како знаеме и умееме“, велат банкарски службеници за „Слободен печат“.
Од Народната банка се децидни – статистиката не покажува дефицит. Според нивните податоци, количината која моментално циркулира е сосема доволна за нормално функционирање на пазарот.
Официјалното објаснување на НБРМ:
И покрај ова, одредени комерцијални банки веќе добиле внатрешни известувања од своите централи дека во моментот навистина нема доволно банкноти од 100 денари во оптек.
За да се решат сомнежите и да се надополнат залихите, НБРМ потврди дека е во тек реализација на набавка на 20 милиони нови парчиња од овој апоен. Оваа количина треба да ги задоволи потребите на пазарот за наредните три до четири години.
Сепак, овие нови банкноти нема веднаш да ги „преплават“ банкоматите. Тие ќе влегуваат во системот постепено, како редовна замена за старите и оштетени банкноти кои веќе не се погодни за употреба.
Додека новите пратки не стигнат до рацете на граѓаните, прашањето останува: Ако навистина има 20 милиони „стотки“ во системот, каде точно се наоѓаат тие, кога во паричниците на граѓаните сè почесто ѕвечкаат монети?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

