14 мај 2026
• од Темелко Тошев
Додека официјалните статистики со години бележеа пад на детското престапништво, реалноста на терен и новите истражувања откриваат загрижувачки тренд: зголемена агресивност кај младите, особено во дигиталниот простор. Професорката по криминологија, Ангелина Станојоска, предупредува дека физичкото, психичкото и сајбер насилството стануваат секојдневие за голем дел од учениците во Македонија.
Според Станојоска, најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат благ пораст на бројот на сторители на детско престапништво, што претставува промена во однос на долгогодишниот опаѓачки тренд. Сепак, таа појаснува дека овој пораст има и своја „светла страна“.
„Дел од овој пораст не значи нужно повеќе кривични дела, туку дека денес имаме повеќе информации и повеќе случаи што се пријавуваат. Свесноста кај жртвите и околината полека се зголемува“, вели Станојоска.
Истражувањата спроведени на локално и национално ниво во соработка со Министерството за образование и наука (МОН) даваат прецизна слика за состојбата во училишните клупи и на социјалните мрежи:
Ова практично значи дека речиси секое четврто дете во Македонија се соочило со насилство преку интернет.
Станојоска смета дека современите генерации живеат во средина која е драстично поразлична од онаа на нивните родители. Клучните фактори за ваквата состојба вклучуваат:
„Младите денес многу полесно комуницираат онлајн отколку во живо, а тоа носи нови опасности со кои како општество мора посериозно да се справиме“, заклучува професорката Станојоска.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

