08 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за З.Ј., сопственикот на возилото со кое беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“. За предизвикувањето на оваа трагична несреќа, претходно веќе беше осуден неговиот син.
Против З.Ј. се водеше судска постапка за кривичното дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Сепак, по деталната анализа на изведените докази, судот оцени дека дејствијата за кои тој се товареше не ги содржат законските обележја на ова кривично дело.
Според образложението на Судот, тоа што едно лице е сопственик на возилото не претставува основа за кривична одговорност во ваков случај.
„Имено, согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола“, се наведува во одлуката на Кривичниот суд.
Судот дополнително појаснува дека ваквото однесување во македонското законодавство е веќе регулирано, но се санкционира како прекршок во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Поради тоа, потенцираат од судот, не може преку проширено толкување на кривичниот закон да се конструираат и создаваат нови облици на кривична одговорност.
Во донесената пресуда, судијата јасно ја дефинира границата помеѓу прекршочно и кривично дело, осврнувајќи се на фактот дека повеќекратното повторување на еден прекршок не ја менува неговата правна природа.
„Повторувањето на едно прекршочно однесување, само по себе, не го претвора во кривично дело. Бројот на прекршоците не може да создаде нов правен квалитет на дејствие доколку не се исполнети законските обележја на конкретното кривично дело“, стои во судското образложение.
Со оваа одлука, кривичната постапка против сопственикот на возилото е финализирана со негово целосно ослободување од вина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

