08 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Познатиот политички аналитичар и поранешен дипломат, Арсим Зеколи, почина рано утрово на 60-годишна возраст.
Тажната вест за неговата ненадејна смрт ја сподели неговиот брат, Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение објавено на социјалните мрежи.
„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966–2026)“, стои во објавата.
Семејството информираше дека последното испраќање и погребот ќе се одржат во текот на денешниот ден, со почеток во 18:00 часот, на гробиштата во селото Блаце.
Арсим Зеколи во пошироката јавност во Северна Македонија и во регионот беше препознатлив како истакнат колумнист и остар коментатор на општествено-политичките процеси. Во текот на својата професионална кариера, тој ја извршуваше и престижната функција амбасадор на Северна Македонија при ОБСЕ во Виена, оставајќи значаен белег во дипломатијата и јавниот дискурс.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

