05 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Нова тешка сообраќајна несреќа ја потресе престолнината, повторно на една од најкритичните точки во градот. Маж и жена се повредени откако вчера попладне биле удриле од автомобил додека се обидувале да го преминат булеварот кај Бит Пазар, на место каде што со години масовно се користи див пешачки премин.
Според првичните информации, во двајцата пешаци удрил автомобил кој се движел по булеварот. Од силината на ударот, мажот и жената се здобиле со повреди, по што веднаш била повикана Итна медицинска помош.
Повредените пешаци со возило на Брзата помош се пренесени во болница, каде им е укажана лекарска помош и се утврдува степенот на повредите.
Полициски екипи извршија увид на местото на настанот. СВР Скопје работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на точните причини и околности под кои дошло до несреќата.
Оваа локација во близина на Бит Пазар веќе подолго време важи за една од најризичните црни точки во Скопје. И покрај тоа што во непосредна близина има изградено пешачки надвозник (мост), голем дел од граѓаните секојдневно избираат да го претрчуваат булеварот со четири коловозни ленти, директно изложувајќи ги своите животи на коцка.
Оваа несреќа е уште еден сериозен аларм до надлежните институции, но и до самите граѓани, дека е потребна многу поголема сообраќајна култура и поригорозни контроли за да се спречат вакви немили настани со потешки последици.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

