04 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) следната недела јавно ќе ги соопшти имињата на компаниите кај кои се утврдени сериозни неправилности во декларирањето на млечните производи. Ова го најави директорот на Агенцијата, Оливер Миланов, посочувајќи дека станува збор за класична измама на потрошувачите.
Од анализираните 45 мостри на млеко и млечни производи, дури кај десет оператори (осум домашни и две увозни компании) било констатирано дека примероците не одговараат на Правилникот за квалитет, односно содржеле значително помал процент на млечни масти од она што било истакнато на етикетите.
Директорот Миланов смирува дека безбедноста на производите не е доведена во прашање, туку проблемот лежи во нарушениот квалитет и доведувањето на граѓаните во заблуда.
„Доколку на декларацијата е наведено дека производот содржи 24 отсто масти, а анализите покажат само пет отсто, станува збор за измама на потрошувачите. Таквите производи веднаш се повлекуваат и се уништуваат“, дециден е Миланов.
Отстапувања во вистинскиот состав се утврдени кај повеќе видови млечни производи, меѓу кои:
Во моментов се спроведуваат дополнителни контроли за да се утврди дали овие манипулации се изолирани инциденти или добро разработена долгогодишна практика.
„Покрај редовните надзори, ќе се направи и аудит. Ќе се вратиме чекор наназад, да видиме дали воделе записници и лабораториски анализи – дали ова е од пред 15 дена или постоело со години“, вели директорот на АХВ.
Оценувајќи ги актуелните казни како премногу благи, Миланов најави иницијатива за строги законски измени. Една од клучните мерки што се разгледува е одземање на решението за вршење дејност во рок од три години за оние компании кои еднаш или двапати ќе бидат фатени во манипулација. На операторите кои веќе се фатени во овој бран им се изречени парични казни.
Освен млечната индустрија, под лупа се и месните преработки. Резултатите од анализите на трајните и полутрајните месни производи (салами, виршли и паштети) сè уште не се пристигнати од референтните лаборатории, но од Агенцијата очекуваат тие да бидат познати веќе од почетокот на следната недела.
Биланс на АХВ по повод 15-годишниот јубилеј: По повод 15 години од формирањето на институцијата, беа споделени и клучни статистички податоци за работата на терен. Во периодот од 4 јуни 2024 година до денес:
Од Агенцијата апелираат до граѓаните да бидат внимателни, бидејќи инспекторите редовно откриваат производи со истечен рок на употреба. Сите сомнителни случаи потрошувачите можат да ги пријават електронски или преку бесплатната телефонска линија на АХВ: 0800 3 22 22.
Црна Гора спречи обид за дестабилизација: Вратен авион со поддржувачи на Вучиќ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

