04 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Пристапот до операции за замена на колк и колено во Македонија значително се подобрува, иако во моментов над 650 пациенти сè уште се на листите на чекање за вештачки колкови. Во трите главни јавни здравствени установи е регистриран значителен пораст на бројот на интервенциите, информираше директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешниот брифинг со новинарите.
Според податоците презентирани од ФЗО, минатата 2025 година биле реализирани вкупно 4.044 интервенции.
Клековски истакна дека додека земјава покажува солидни резултати во хирургијата за замена на колкови, ситуацијата со интервенциите за замена на колено покажува дека Македонија сè уште заостанува зад земјите од регионот.
„Овие бројки потврдуваат дека пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува. Следува отворање на оперативните блокови на Клиничкиот центар и во ГОБ „8 Септември“, како и понатамошен развој на коленската артропластика,“ нагласи директорот на ФЗО.
Одговарајќи на новинарски прашања за состојбата со листите на чекање, особено во ГОБ „8 Септември“ и на Клиничкиот центар, Клековски појасни дека проблемот често лежи во преференциите на самите пациенти.
„Да, точно е, листите на чекање се такви какви што се, меѓу другото, затоа што поединци инсистираат да се оперираат кај точно одреден хирург, наместо кај друг доктор кај кого можеби има слободен термин,“ посочи тој.
За да се надминат тековните предизвици и да се намали времето на чекање, ФЗО излезе со пакет конкретни препораки за јавното здравство:
Клековски на крајот нагласи дека презентираната анализа се однесува исклучиво на јавното здравство и во неа не се вклучени податоците за пациентите кои овие интервенции ги извршиле во приватните здравствени установи во државата.
Црна Гора спречи обид за дестабилизација: Вратен авион со поддржувачи на Вучиќ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

