05 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Од највисоко европско ниво пристигнаа јасни и недвосмислени потврди за сето она што СДСМ го говори со месеци наназад – сите лаги на Христијан Мицкоски се целосно разобличени и потопени.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно и директно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. Со ова, дефинитивно пропаднаа во вода сите лажни ветувања на Мицкоски за „промена на преговарачката рамка“ и некакви „одложени дејства“ со кои со месеци ги манипулираше граѓаните.
Во исто време, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на известувачот Томас Вајц за Македонија. Овој документ е директна потврда дека Владата предводена од Мицкоски воопшто не спроведува реформи.
Во извештајот јасно се констатира:
Наместо ветените независни институции, денес сведочиме на брутални политички притисоци врз правосудството, јавно мешање во работата на обвинителството и очајни обиди за целосна партиска контрола врз институциите од страна на власта.
Извештајот на Вајц дополнително алармира и предупредува на странско непријателско влијание и оркестрирани кампањи за дезинформации кои директно ја поткопуваат македонската демократија.
Ова е уште една цврста потврда за она на што СДСМ предупредува со месеци – дека антиевропските наративи, дезинформациите и вештачкиот евроскептицизам не се случајни. Тие се дел од организирана пропагандна кампања, копирана по примерот на Александар Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Мицкоски и неговата пропагандна машинерија свесно шират стравови и лаги за наводно загрозување на идентитетот, јазикот и културата, нивната вистинска цел е соголена: да се задржи државата во изолација и трајно да се спречи европската интеграција. Лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ им служи само како параван за неспособноста, корупцијата и тоталното отсуство на реформи. Наместо напредок кон Европа, Македонија денес е заглавена со криминална група на власт.
Дека СДСМ ја зборуваше единствената вистина потврдува и последниот заеднички документ (position paper) на владите на Берлин и на Париз. Во него јасно се потенцираат Копенхашките критериуми. Значи, без суштински реформи и без исполнување на единствениот услов за внесување на малцинствата во Уставот, нема и нема да има продолжување на преговорите со ЕУ.
Денес за граѓаните сè е кристално јасно:
Македонската иднина не смее да биде заложник на лажни пастири и деструктивни политики. Затоа, СДСМ порачува: Реформи сега! Европа сега!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

