05 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Европската Унија има силна определба Северна Македонија да го започне преговарачкиот процес бидејќи нема сомнеж дека земјата припаѓа на европското семејство, но преземените обврски мора да се исполнат. Ова денеска го изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, кој потенцираше дека договорените уставни измени од 2022 година треба да бидат спроведени.
Повикувајќи се на неодамнешната порака што претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја упати директно од Скопје, Рокас изрази надеж дека во периодот што следи ќе преовладува конструктивен амбиент, како кај соседите, така и во самата Унија.
„Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 година треба да бидат спроведени. Со тоа има голема определба Северна Македонија да го почне процесот на преговори. Работиме доста активно со цел неопходните услови да се исполнат и да одиме напред. Најважно е во меѓувреме да имаме доверба и се надевам дека нашите соседи заедно со Европската Унија ќе бидат доста конструктивни во наредните денови и месеци“, изјави Рокас.
Шефот на Делегацијата на ЕУ овие пораки ги упати за време на 23. конференција на КОСАП (Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција на земјите од Процесот за стабилизација и асоцијација во ЈИЕ).
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Брисел има алтернативен план („План Б“) за земјава, со оглед на блокадите од источниот сосед и кочењето на уставните измени, Рокас не одговори директно со алтернатива, туку го стави акцентот на заедништвото и тековните реформи.
Евроамбасадорот оцени дека главната порака на денешниот собир е токму заедништвото, кое коинцидира со Самитот на Западен Балкан во Тиват. Тој укажа на големите очекувања од овој регион, особено по заедничкото писмо на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, насочено кон поедноставување и унапредување на пристапниот процес.
На конференцијата во Скопје, според Рокас, фокусот бил ставен на економската интеграција:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

