18 мај 2026
• од Темелко Тошев
Опозициската СДСМ излезе со жестоки обвинувања на сметка на лидерот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Преку официјално соопштение, партијата тврди дека зад неговиот јавен наратив на антикорупционер и „голем Македонец“ се крие мрежа на бизнис интереси, вклучително и сопствеништво на фирма во соседна Бугарија.
Во партиската реакција, СДСМ истакнува дека додека Димитриевски јавно се позиционира како патриот, фактите на терен покажуваат поинаква слика. Од партијата изнесоа конкретни податоци за сопственичката структура и локацијата на неговата наводна компанија.
Според објавените информации од СДСМ, станува збор за следната компанија:
„Еве Максо, има фирма во Бугарија. Види Максо, ти си сопственик! А изгледа дека не е само една. Додека Максим Димитриевски се претставува како „антикорупционер“ и „голем Македонец“, фактите покажуваат сосема спротивно“, се вели во соопштението на СДСМ.
Покрај бугарската фирма, од СДСМ тврдат дека мрежата на бизниси се протега и на домашна почва, посочувајќи дека сопругите на Димитриевски и Серафимовски поседуваат друга компанија во Македонија – АЈФИКС ДОО, лоцирана во кумановско Доброшане.
Соопштението на опозициската партија изобилува со директни и остри прашања насочени кон финансиското работење на кумановскиот градоначалник. СДСМ отворено прашува за бројот на компании во негова сопственост, како и за наводно местење на тендери и префрлање пари преку блиски луѓе и кумови.
Партијата смета дека политичкото дејствување на Димитриевски и неговата коалиција со владејачката ВМРО-ДПМНЕ имаат единствена цел – дефокус од европската реформска агенда на државата.
„Немаш право ти, кој си со „промакедонската“ партија на бугарски државјани, со организираната криминална група ВМРО и со Христијан Мицкоски кој те плаќа преку тендери, да правиш дефокус од Европската реформска агенда.“
На крајот од своето обраќање, СДСМ испраќа недвосмислена порака дека следува период на одговорност, посочувајќи ги лично Димитриевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и Филков и Сашо Петровски.
„Види Максо, доаѓа времето на вистината. Нема повеќе лаги. Доаѓа времето на правдата и одговорноста... Сите ќе одговарате! Реформи сега. Правда сега. Европа сега“, заклучуваат од СДСМ.
Бугарската победничка Дара по победата на Евровизија: Балканот треба да биде обединет
Дара по победата: Треба да се подготвиме да ја пречекаме цела Европа во нашата земја!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

