18 мај 2026
• од Темелко Тошев
Во градот Раковски, Бугарија, беше откриена статуа на папата Франциск, соопшти „Нова телевизија“. Споменикот е посветен на историската посета на поглаварот на Католичката црква во овој бугарски град, која се случи во 2019 година.
Монументот е поставен на плоштадот „Бугарија“ и е висок 3,5 метри. Изградбата на статуата е реализирана со финансиски средства од општината, како и со помош од локални дарители.
Папата Франциск е првиот папа што го посетил градот Раковски во Бугарија. За време на таа посета, пред седум години, тој им ја даде првата причест на 242 деца.
„Светиот Отец носеше пораки за мир, за заедница, за добрина и на некој начин ја пренесуваше пораката за единство“, изјави градоначалникот на Раковски, Павел Гуджеров.
УЖАС ВО КАРПОШ: 18-годишна девојка нападната и прободена пред скопска дискотека
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

