11 септември 2026
• од Темелко Тошев
Граѓаните во Македонија се на самото дно во целиот регион според количината на гориво што можат да ја купат со своите месечни примања, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој посочи дека, иако актуелната власт често се фали дека државата има наводно најевтино гориво, реалната слика е сосема поинаква поради драстично паднатиот животен стандард. Според него, граѓаните денес со своите плати можат да си дозволат најмалку литри гориво споредено со соседите.
„Растат цените на горивата, ние сме една од земјите во регионот во којашто со просечна или минимална плата може да се купи најмала количина, најмалку литри на гориво. Иако власта сака да се пофали дека имаме наводно најевтино гориво, толку е низок стандардот што и тоа наводно најевтино гориво не можат граѓаните да си го купат. На дното сме на земјите во регионот по количина на гориво којашто граѓаните можат да ја купат со примањето. Ете, тука не доведе оваа власт. На просјачки стап“, истакна Филипче.
Лидерот на опозицијата алармираше дека цената на горивата од почетокот на оваа година е зголемена за огромни 50 отсто, што, според него, дополнително удира врз и онака кревкиот стандард на народот.
„Сметаме дека во оваа ситуација, на криза, на огромна цена на горивата, практично над 100 денари за литар гориво, за 50% зголемување на цената на горивата од почетокот на оваа година, повлече спирала на поскапување на сите продукти, најмногу на прехранбените. Ова значително ја зголеми вредноста на потрошувачката кошничка“, заклучи Филипче.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

