11 септември 2026
• од Темелко Тошев
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска спроведува голема координирана полициска акција која опфаќа претреси на дваесетина локации низ државата. Акцијата е насочена кон сузбивање на мрежа за незаконско издавање и фалсификување на возачки дозволи за тешки товарни возила и автобуси, односно за Ц и Д категорија.
Според информациите, денешната операција е директен резултат на опсежна истрага која Внатрешната контрола при МВР ја започнала уште минатиот месец. Истрагата открила сериозни злоупотреби од страна на вработени во управните служби кои незаконски впишувале повисоки категории во возачките дозволи на граѓани.
Шемата функционирала на начин што одредени лица добивале возачки дозволи за управување со камиони и автобуси (Ц и Д категорија) без воопшто да имаат положено соодветен возачки испит. По првичните откритија, во изминатиот период се вршеле детални проверки за да се утврди точниот број на службеници вклучени во овој криминален ланец, како и вкупниот број на нелегално издадени возачки дозволи.
Од МВР официјално ја потврдија акцијата, истакнувајќи дека истата се уште трае.
„МВР денеска спроведува координирана акција со претреси на повеќе локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија. Акцијата е во тек, со цел расчистување на случаите и обезбедување материјални докази“, информираат од Министерството.
Повеќе детали за евентуални апсења, бројот на приведени лица и запленетите докази се очекуваат по целосното завршување на претресите.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

