11 септември 2026
• од Темелко Тошев
Опозициската партија СДСМ преку официјално соопштение упати остри критики до актуелната власт, обвинувајќи дека судството, кое според нив е под контрола на Христијан Мицкоски, ги ослободува од одговорност виновниците за големата трагедија во Кочани.
Според партијата, речиси сите обвинети во овој случај, вклучително и сопственикот на објектот „Пулс“, познат во јавноста како Газда Деко, во моментов се на слобода. Ова, како што истакнуваат од СДСМ, предизвикува револт кај семејствата на жртвите, чии родители порачаа дека „правдата не смее да истече“.
„Две и пол години ја контролираат полицијата. Две и пол години ги контролираат обвинителствата. Две и пол години ги контролираат судовите. И каков е резултатот?“ – јавно прашуваат од партијата.
Во реакцијата се потсетува на трагичниот биланс во Кочани, каде што животот го загубија 63 млади лица, а 193 беа повредени. СДСМ оценува дека ослободувањето на одговорните лица претставува доказ за „контролирано судство што ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговор, без правда“.
Партијата директно го прозва и Мицкоски за неисполнување на своите ветувања. Од СДСМ потсетуваат на неговата претходна изјава во која ветил дека ќе се повлече од политиката доколку се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ имало поврзаност со ВМРО.
Покрај случајот за Кочани, СДСМ упати и низа други обвинувања кон власта, тврдејќи дека повеќе лица поврзани со ВМРО-ДПМНЕ биле целосно ослободени од одговорност или им бил вратен имотот.
„Така изгледа правдата со Мицкоски“, заклучуваат од СДСМ и додаваат дека под оваа власт правдата е заробена, виновниците се движат слободно, а жртвите се оставени без одговори. Партијата нагласува дека цврсто стои со семејствата на жртвите и бара „целосна и неселективна одговорност“ за сите инволвирани.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

