09 мај 2025
• од Гоце Кически
Доналд Трамп изјави дека царините од 80% на кинеска стока „изгледаат соодветно“, во пресрет на викенд разговорите на високо ниво меѓу САД и Кина, со цел да се намалат тензиите во тековната трговска војна меѓу двете најголеми светски економии.
„Кина треба да го отвори својот пазар за САД — тоа би било толку добро за нив!!! Затворените пазари веќе не функционираат!!!“ напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Трговската војна се интензивира од 2 април, кога Трамп ги најави царините.
Од тогаш, царините на стоката на двете страни постојано растат. Во моментот, САД имаат наметнато 145% царина на кинеска стока.
Очекувањата се дека претстојните разговори ќе донесат некакво олеснување, но изјавата на Трамп сигнализира дека Вашингтон не планира лесно да попушти.
МЕТЕО АЛАРМ: Силен ветер со удари над 80 км/ч – Предупредување за 12 мај 2026 година
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

