25 август 2026
• од Темелко Тошев
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, истакна дека неодамнешното намалување на ученичката кошничка за 15 проценти е добра и соодветна мерка која значително ќе го олесни буџетот на родителите пред почетокот на новата учебна година.
Одговарајќи на новинарски прашања, министерката посочи дека државата прави сѐ што е во нејзина моќ за да им помогне на семејствата. Таа потсети дека основното и средното образование во земјава се не само задолжителни, туку и целосно бесплатни. Покрај намалувањето на цените на училишните материјали, државата и општините континуирано обезбедуваат и други форми на поддршка, како што се бесплатни учебници, бесплатен превоз за учениците, електронски уреди, а во одредени општини се обезбедуваат и ужина и храна за децата.
„Тоа што можеме да го направиме, го правиме. Сметам дека ова е добра олеснителна околност за родителите“, нагласи Јаневска.
Нема барање за зголемување на студентскиот оброк
Во однос на прашањето за студентскиот оброк, министерката соопшти дека во моментов не се планира зголемување на паричниот износ, бидејќи до Министерството за образование и наука не е пристигнато такво барање од страна на студентските организации.
Јаневска објасни дека е во постојана комуникација со студентите и потсети на претходните покачувања кога наместо усогласување со инфлацијата од 7 денари, износот беше покачен за 20 денари одеднаш, со што на студентите им беа обезбедени средства за најмалку три години однапред. Дополнително, опсегот на корисници беше проширен, па сега и постдипломците имаат право на субвенциониран студентски оброк. Според неа, досега не е стигната ниту една поплака на оваа тема.
Ревизија во студентските домови
На прес-конференцијата, министерката се осврна и на неодамнешниот ревизорски извештај за работењето на студентските домови. Таа подвлече дека ревизијата утврдила недомаќинско работење од страна на раководствата во неколку домови. За овие наоди веќе се известени надлежните институции, кои понатаму треба да постапат и да го истражат случајот.
Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европа
Љубчо Георгиевски: Тито е сè уште златно теле во македонската историографија
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

