25 август 2026
• од Гоце Кически
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостување на „Вести плус“ на Канал 5, остро ја критикуваше власта за справувањето со актуелните здравствени кризи. Таа посочи дека институциите реагираат задоцнето и несоодветно на ширењето на западнонилската треска и труењето со вода во Гостивар.
Лукаревска истакна загрижувачки податоци: од 2011 до 2025 година имало само 5 смртни случаи од западнонилска треска во период од 14 години, додека сега, во многу краток период, има исто толку смртни случаи. Таа го критикуваше премиерот за нападите врз епидемиолозите кои даваат совети за превенција од оваа нова состојба, додека владини претставници нудат несериозни објаснувања, обвинувајќи ги дури и вазните на гробиштата. Според неа, реакцијата е задоцнета, особено во однос на прскањето против комарци.
Покрај западнонилската треска, Лукаревска го посочи и труењето со вода во Гостивар како сериозен пример за институционално потфрлање. Според неа, граѓаните добиваат различни и нецелосни информации од различни институции (Министерство за здравство, Агенција за храна и ветеринарство, Институт за јавно здравје), наместо транспарентен и обединет извештај за реалната состојба, која опфаќа околу 5.000 случаи на труење.
„Граѓаните не се задоволни од кумулативни извештаи, или од половични извештаи... Треба да седнат на прес-конференција, сите оние кои што се надлежни, и да ја кажат реалната состојба“, потенцираше Лукаревска, додавајќи дека СДСМ поднеле кривична пријава и очекуваат разврска за овој случај.
Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европа
Љубчо Георгиевски: Тито е сè уште златно теле во македонската историографија
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

