25 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во своето најново излагање упати остра критика кон македонската историографија и нејзиниот однос кон револуционерното минато. Според него, комунистичкиот систем во Југославија наметнал строг филтер, создавајќи тесен наратив кој трајно го оштетил историското сеќавање на нацијата.
Георгиевски посочува дека од илјадници луѓе кои биле дел од македонската револуционерна борба, тогашниот систем внимателно селектирал само неколкумина кои биле прогласени за неспорни херои. Според неговите зборови, листата на позитивни историски личности се сведува на само шест или седум имиња:
„Тука завршува позитивниот список на македонски револуционери создаден од комунизмот. Сите останати беа автоматски етикетирани како бугарски предавници“, истакнува Георгиевски.
Во својата анализа, тој нагласува дека овој ригиден пристап оставил длабоки лузни врз перцепцијата за голем број значајни фигури од тој период. Иако денес за некои од нив се дебатира послободно, голем дел сè уште се третираат со резерва.
Тој директно ги споменува Тодор Александров, Борис Сарафов и Христо Татарчев, нагласувајќи дека тие, официјално, сè уште не се целосно „легализирани“ во современата македонска историја.
„Ова се сè уште некои полупредавници или предавници, бескрупулозни луѓе во македонската историја. Комунизмот избра шест-седум луѓе и само нив ги нарекува светли личности,“ потенцира тој.
На крајот од излагањето, Георгиевски изрази жалење што ваквиот начин на размислување не е само реликт од минатото, туку продолжува да живее и денес. Тој заклучува дека од аспект на историското прифаќање и ревизија на фактите, ние сè уште сме многу конзервативно општество, чии погледи се цврсто врамени во југословенскиот историски конструкт.
Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европа
Љубчо Георгиевски: Тито е сè уште златно теле во македонската историографија
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

