25 август 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку видеообраќање упати остар повик за, како што самиот ја нарече, „национална мобилизација“. Целта на овој граѓански и политички отпор е да се спречи изградбата на дата-центри кои, според него, претставуваат обид на актуелната Влада предводена од Христијан Мицкоски да ги жртвува основните ресурси на граѓаните – водата и електричната енергија – за приватни бизнис-интереси.
Филипче нагласи дека неговата партија веќе цел месец континуирано алармира за опасностите што ги носат ваквите проекти. Како најсвеж пример тој го посочи случајот со општина Пехчево, каде, според неговите тврдења, имало обид „на мала врата“ и без соодветна транспарентност да се протне одлука за изградба на дата-центар.
Благодарение на притисокот од советниците на СДСМ и реакцијата на јавноста, оваа точка била повлечена од дневниот ред. Сепак, лидерот на опозицијата предупредува дека тоа не значи оти Владата целосно се откажала од својата намера.
„Повикувам на национална мобилизација да спречиме водата и струјата да паднат во раце на профитери на грбот на народот“, дециден е Филипче.
Граѓаните ќе ја платат цената преку повисоки сметки
Во своето обраќање, тој директно ја обвини власта дека планира да ги стави државните ресурси во функција на странски дата-центри, кои се познати како огромни потрошувачи на струја и вода за ладење на серверите. Евентуалните трошоци и штети, предупредува Филипче, ќе паднат директно на товар на граѓаните.
„Кој ќе ја плати таа струја? Граѓаните преку повисоки сметки. Кој ќе нема вода? Граѓаните. Каде ќе оди затоплената вода? Никој не кажува“, праша тој, отворајќи сериозни еколошки и економски дилеми за кои досега нема одговор од надлежните институции.
Повик за граѓански отпор низ целата држава
На крајот од своето обраќање, лидерот на СДСМ упати директен повик до сите советници во општинските совети ширум државата да бидат будни и остро да се спротивстават на секој сличен проект што може да ги загрози локалните ресурси. Воедно, тој побара и од самите граѓани активно да се вклучат во граѓански отпор, порачувајќи дека СДСМ ќе продолжи бескомпромисно да дејствува против ставањето на водата и струјата под ризик заради туѓи бизнис-интереси.
Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европа
Љубчо Георгиевски: Тито е сè уште златно теле во македонската историографија
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

