25 август 2026
• од Темелко Тошев
Најновото рочиште од судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ донесе нови детали во врска со состојбата на објектот и одговорноста за неговата пренамена. Во центарот на вниманието при вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје, чиј исказ фрли светлина врз градежните и законските аспекти пред трагедијата.
Испрашувањето, предводено од адвокатката на сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, имаше за цел да докаже дека просторот бил целосно безбеден пред да биде изнајмен. Марковски пред судот потврди дека во 2012 година, кога објектот му бил даден под закуп на првообвинетиот Дејан Јованов, тогашниот производствен погон за лесна индустрија ги исполнувал сите неопходни услови за носивост и противпожарна заштита. Тој децидно одговори потврдно на прашањето дека првобитната состојба на објектот во 2012 година не претставувала опасност од пожар и не била причина за трагедијата.
Дополнително, вештакот посочи дека сопственикот на објектот не бил консултиран од страна на закупецот за реновирањето, измените и употребените материјали при претворањето на производствениот погон во дискотека. Оваа изјава предизвика бурни реакции кај одбраната на првообвинетиот Јованов.
Сепак, исказот на Марковски посочи и на сериозни законски обврски кои паѓаат на товар на сопственикот. Тој појасни дека според Законот за градење, исклучива обврска за поднесување барање за пренамена на објект има неговиот сопственик – во овој случај, Гроздан Милковски. Вештакот нагласи дека никакви меѓусебни договори, без разлика дали се усни или писмени, помеѓу сопственикот и закупецот не можат да ги суспендираат или заменат законските обврски.
Исказот на Марковски се смета за еден од клучните докази на кои се потпираат и обвинителството и одбраната, а неговото испрашување ќе продолжи.
За потсетување, во стравичниот пожар во дискотеката „Пулс“ кој се случи на 16 март 2025 година, животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. За оваа трагедија на обвинителната клупа седнаа 34 лица, а судскиот процес продолжува да ги расветлува околностите кои доведоа до овој кобен настан.
Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европа
Љубчо Георгиевски: Тито е сè уште златно теле во македонската историографија
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

