12 септември 2026
• од Темелко Тошев
Деновиве во јавноста се прошири информација дека бугарскиот пратеник и претседател на партијата Преродба, Костадин Костадинов, поднел иницијатива или предлог-закон со кој македонскиот јазик би се прогласил за бугарски дијалект.
Проверката на официјалните податоци во Народното собрание на Република Бугарија покажува дека станува збор за неточна информација. До овој момент, во собранискиот регистар не е евидентирана поднесена правна иницијатива, предлог-закон или декларација на оваа тема од страна на Костадинов.
Иако пратеникот во своите јавни настапи изнесува лични и партиски ставови кои го оспоруваат македонскиот јазик, тие изјави не се преточени во официјален институционален предлог. Постои јасна разлика помеѓу изјави дадени за јавноста и поднесување на официјален законски акт во парламентарна процедура.
Пласирањето и ширењето на ваквите неточни вести се согледува како дел од кампања на одредени македонски медиуми, со цел создавање и одржување на анти-бугарски наратив во општеството.
Оттука, тврдењата дека е започната институционална или собраниска процедура во Бугарија по однос на ова прашање не кореспондираат со фактите, а нивното објавување придонесува само за дополнително поларизирање на јавноста.
Радев: Осудата за погребот на Младиќ со воени почести е заеднички европски став
Румен Радев до најдобрите матуранти: Вашиот успех е огромен успех и за Бугарија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

