TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
СВЕТ

Кошта: Украина ќе одлучи кога се исполнети условите за почеток на мировни преговори

25 февруари 2025

• од Вардарски

Нема да има кредибилни и успешни преговори и нема да има траен мир без Украина и без Европската Унија и само Киев може да одлучи кога ќе бидат исполнети условите за почеток на мировни преговори, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржа во украинскиот главен град.

– Мирот не може да биде едноставен прекин на огнот. Тоа треба да биде траен договор. Мирот не треба да го награди агресорот. Треба да ги научиме лекциите од минатото, од договорите од Будимпешта и Минск. Само конкретни и силни безбедносни гаранции ќе обезбедат сеопфатен, праведен и траен мир во Украина и во цела Европа, нагласи Кошта.

Според него, Русија претставува закана за меѓународниот поредок заснован на правила, а нејзиниот претседател Владимир Путин сака „да не подели“, па затоа со денешното свое присуство во Киев, европските претставници покажуваат дека поддршка на ЕУ за Украина е силна, единствена и непроменета.

– Европската Унија е подготвена да направи се што е потребно за нејзината безбедност и да продолжи да ја поддржува Украина. Затоа свикав специјален Европски совет, следната недела, на 6 март, за поддршка на Украина и зајакнување на одбраната на Европа, рече Кошта.

Тој нагласи дека Унијата е подготвена ефикасно да ги зајакне своите одбранбени способности и значително да инвестира во нив, како и да ја зголеми финансиската и воената поддршка за Украина.

– Ние сме подготвени да ја изградиме иднината на Украина во рамките на Европската Унија, додаде Кошта.

Тој потсети дека на денешен ден пред три години Русија започна неиспровоцирана, неоправдана и незаконска целосна инвазија врз Украина.

– Таа војна го нарушува суверенитетот на Украина, нејзиниот територијален интегритет, нејзините меѓународно признати граници и основните принципи на меѓународното право содржани во Повелбата на Обединетите нации. Моите мисли се со сите Украинци. Со сите оние кои изгубија член на семејството или пријател и со тие што се ранети, рече Кошта.

Според него, Русија и нанесе сурово и неоправдано страдање на Украина, па со присуството во Киев, тој и останатите европски претставници ја демонстрираат солидарност на ЕУ со народот на Украина и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Бевме тука со вас од првиот ден. Сме и ќе бидеме со вас, рамо до рамо, во војната, во идните мировни преговори, во обновата и како земја членка на Европската Унија. Сите сакаме оваа војна да заврши и страдањето и уништувањето да престанат. Затоа овој момент е толку важен, оцени Кошта во обраќањето на собирот во Киев.

Кошта заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и 21 еврокомесар денеска престојуваат во Киев со цел да ја изразат непоколебливата поддршка на ЕУ за борбата на Украина за независност и слобода на третата годишнина од почетокот на руската инвазија.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
04 мај 2026

СДСМ: Мицкоски најавува заострување на односите со Бугарија и блокада на европскиот пат

МАКЕДОНИЈА
04 мај 2026

Министерството за правда објави, па го сокри соопштението за Никола Груевски

МАКЕДОНИЈА
04 мај 2026

Министерството за правда: Постапуваме согласно законите во случајот со Никола Груевски

МАКЕДОНИЈА
04 мај 2026

Богданка Кузеска: „Криминалецот Груевски мора да одговара, истата ВМРО матрица ја продолжува Мицкоски

МАКЕДОНИЈА
04 мај 2026

Мицкоски апелира граѓаните да изберат одмор во македонските села поради новиот систем за влез и излез во ЕУ

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
04 мај 2026

Бугарија со највисока стапка на плодност во Европската унија

ИСТОРИЈА
04 мај 2026

Годишнина од смртта на Гоце Делчев: повик за единство над разделбите

СВЕТ
04 мај 2026

Мерц: САД се столбот на НАТО, спорот со Трамп не менува ништо

ВРЕМЕ
04 мај 2026

4 мај 2026: Сончево и постудено утро, пријатен пролетен ден низ Северна Македонија

МАКЕДОНИЈА
04 мај 2026

Груевски со обвинувања за „политички прогон“ и критики до Министерството за правда

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
04 мај 2026

Светиот свештеномаченик Јануариј и неговото сведоштво на верата - 4 мај 2026

СПОРТ
03 мај 2026

Бугарскиот женски ансамбл триумфираше во Баку и ја одбрани титулата во Крос битките

МАКЕДОНИЈА
03 мај 2026

Македонец осомничен за кражби во џамии во три градови во Србија

МАКЕДОНИЈА
03 мај 2026

СДСМ обвинува за партизација на Армијата: Се формира политички контролиран синдикат

МАКЕДОНИЈА
03 мај 2026

Заедно со ЕУ посилни: Северна Македонија го одбележува Денот на Европа со десетици настани

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
03 мај 2026

Луфтханза привремено ги укинува летовите Франкфурт–Скопје во јуни

МАКЕДОНИЈА
03 мај 2026

Бујар Османи во Брисел: Меѓуетничките односи и Охридскиот договор во фокусот

СВЕТ
03 мај 2026

Брутална руска агресија: Кремљ убива цивили – најмалку 10 мртви и десетици повредени низ Украина

МАКЕДОНИЈА
03 мај 2026

Британскиот амбасадор: Без силни и независни медиуми, демократијата во Северна Македонија останува ранлива и недовршена

СВЕТ
03 мај 2026

Прогресивна Бугарија го потврди Румен Радев како кандидат за премиер, цел – влада до крајот на неделата

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
03 мај 2026

СДСМ: Јавниот долг порасна за 2,3 милијарди евра, државата се движи кон финансиска криза

ДРУГО
03 мај 2026

Дневен Хороскоп за 3 Мај 2026 – Ѕвездите носат пресврти, емоции и нови можности за сите знаци

МАКЕДОНИЈА
03 мај 2026

ДУИ обвинува за скандал од 6 милиони евра во МЕПСО, бара истрага и одговорност

МАКЕДОНИЈА
03 мај 2026

СДСМ: Наместо празник, Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува во сенка на притисоци

СВЕТ
03 мај 2026

ЕУ: Слободата на медиумите е темел на демократијата и мора да се заштити

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
03 мај 2026

Лога: Реформите во судството мора да почнат од Врховниот суд

СВЕТ
03 мај 2026

Најпознатиот робот во светот пристигна во Бугарија: Луѓето овде се навистина топли и пријателски

ДРУГО
03 мај 2026

Состојба на патиштата – 03.05.2026: Сообраќајот се одвива непречено на државните патишта

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега